Лагерфелд има нов монограм

Кога ќе кажеме Лагерфелд, за жал не мислиме на човекот, туку на брендот, па од таму и не сме сигурни дали би го одобрил. Новиот монограм е занимлив, инспириран од Арт Деко, ама некако несовршен во однос на тоа што Карл беше кадарен да изведе со неколку потези со молив. Како на Фенди логото на пример.

Новиот монограм на куќата е „восхитувачки аранжман на иницијалите на Карл“, велат во мејлот за сите претплатници на сајтот. „Елегантниот принт се појавува на клучни парчиња во последната колекција.“

И понатаму, „лесно ја воздигнува новата машка колекција, и го има на торби, џемпери, додатоци и многу друго.“

Самата есен/зима 2021 колекција е под влијание на Арт Деко дизајнот и комбинира елеганција инспирирана од 1920-те со рок-шик естетика.

Да видиме:

За споредба, логото на Фенди што го дизајнираше Карл:

 

27 август 2021 - 10:28