Ковчегот за одмор на Сара Бернард

Гот и даркерка пред да стане мејнстрим.

Француската дива Сара Бернард е една од највлијателните и највпечатливите актерки на доцниот 19. век. Сликата е од 1882 - била фасцинирана од черепи, лилјаци и смрт и си купила ковчег што го чувала во спална и често се спремала за улога удобно сместена во него.

„Кога г-ца Бернард ќе се умори од светот, влегува во овој ковчег и се покрива со овенати венци и цвеќиња; ги прекрстува рацете преку градите и со затворени очи, накратко се простува од животот. На илузијата додаваат и свеќата што гори на масичка од лево и череп на подот.

Дури кога ќе се најави дека е време за вечера, трагичарката ги отвора очите и почнува мрзливо да се интересира за сè што е материјално.“

27 јануари 2025 - 11:05