Веќе некое време се дискутира „мистериозната“ причина зошто миленијалците изгледаат најмладо - помладо дури и од луѓе родени 10-15 години после нив. И да, има многу фактори, ама еден (важен) од нив се фризурите.
Со вештачка интелигенција им ставиле денешни фризури на глумици од пред неколку децении. Некои веднаш се подмладуваат за неколку години. Некои па, како Дороти Комингор од „Граѓанинот Кејн“ стануваат и 30-40 години помлади со нова фризура.