На ТикТок почна и сè уште се влече еден тренд: Луѓе на возраст од 20 до 30 ги прашуваат следачите: „На колку години ви личам?“
Одговорите често се несреќни, особено за тие под 30 - им даваат и по 10-20 години повеќе. Од овде се носи заклучокот и дека општеството се мачи да дефинира како треба да изгледаат миленијалците, кога веќе и славни и анонимни се соочуваат со прашања околу изгледот.
@bautistud This needs to be said for millenials 🫡 #millennialsoftiktok #genzvsmillenial #aging ♬ original sound - Chris Bautista
Еден од факторите за младешкиот изглед на миленијалците е сè пореткото пушење и се почестото користење на заштитен фактор од штетните УВ-зрачења. Експертите сметаат дека и промени во животниот стил, плус анти-ејџ третмани како ботокс, филери и слично се клучни причини за тоа зошто миленијалците изгледаат помладо од претходните генерации. Лесен е пристапот и до козметички третмани и производи што порано биле достапни и препорачувани само за постари.
А сепак, не им одговара на сите исто. Сè горенаведено им е достапно и на зумерите (генерација З) - а рано им е. Од уплав од брчки и од „решенија“ на тацна, зумерите од рано почнуваат со борба против стареење, но иронијата е дека успеваат да се доведат во ситуација да изгледаат постаро од миленијалците. Токму зумери го јадат на ТикТок кога ќе прашаат „На колку ви личам?“ и само треба да се задржите на таквите видеа нешто подолго да заклучите дека не сè што личи на 45 има толку - често имаат по 22-23.
На крај, не е само негата на кожа тоа што прави миленијалците побавно да стареат од околните генерации - прават поинакви избори (од активност, до фризура)и имаат нови технологии кои им овозможуваат да преземат нешто и да го забават процесот. Деца раѓаат подоцна од нивните родители и баби и дедовци, се шминкаат помалку, уште носат дуксери затоа што во средно се изнаноселе штикли... А лесно е да згрешиш дека некој роден пред дваесетина години има 50 - желбата што е можно повеќе да го оддалечи моментот кога вистински ќе има толку, го тера на потези што баш тие црти му ги даваат.