Кога ќе ти се смачи анти-абортус секојдневие

Кај нас уште не дошло нож до коска на тема абортус како во некои американски држави, но, ние сме секогаш лидери, па според тоа и секогаш спремни. А и темата воопшто не е за занемарување. Колку порано ни е јасно, толку потешко ќе ни наметнат глупи закони.

Скоро имавме текст со наслов „Погрешни тела контролираме”, многу сериозен муабет околу тоа што сè жените мораат да истрпат на тема абортус, а што мажите никогаш не ни мораат да дознаат.

Таму на една мајка ѝ беше дојдено преку глава, сега на една докторка со 17-годишно искуство. И вака вика:

„Гинеколог сум 17 години. И би сакала да ве поканам да дојдете само на кратко кај мене во ординација, да чуете некоја од приказните што ги кажуваат жените.

Внимателно слушајте што ми кажуваат зад затворени врати. И после губете се - и вие и вашите одлуки за нејзиниот живот не припаѓате овде…

Не можам да си дозволам да ги хранам ни децата што ги имам сега.

Се плашам за животот.

При последната бременост ми откажа срцето.

Никогаш немав намера да имам уште деца.

Почнувам на факултет следната недела.

Имав афера, згрешив и не сакам да си го растурам семејството.

Сама сум.

Имав авантура за една ноќ и не знам кој е таткото.

Силувана бев.

Имам 13 години.

Имам 48 години.

Имам рак на градата и примам хемотерапија.

Ми пукна матката при последната бременост.

Имам дијабетес што не се контролира.

Ми откажуваат бубрезите.

Имам малиген меланом.

Бебето има многу аномалии.

Се секирам дека ќе се убијам ако продолжам со бременоста.

Не сакам бебе сега.

Не сакам да сум трудна.”

Заклучува дека, без разлика што сите овие причини се валидни, не се единствените валидни причини - било која причина што жената ја има да не сака да ја продолжи бременоста треба да е доволно добра.

„Еве што е работата. При сите овие изјави, вистината е дека - не треба да е важно. Не ви треба друга причина освен што - ваш е изборот.

Мое тело. Мој избор.

А ако треба да лежам 99 години затвор што се грижам за пациентка со ваква лична и тешка одлука, тогаш, сме претерале!”

За илустрација до каде се оди со контра-абортус - еве кој е од нивна.

4 јуни 2019 - 00:04