Кога имаш проблематична другарка

Може ќе ви звучи познато: многу е фина на само, ама не дај боже да се најдете во поголемо друштво - станува језива. Уште па, ако има машко друштво во близина, се паѓа во несвест од привлекување внимание. Или, дарежлива е, ама краде идеи од другите. Или, едноставно - не ти иде да ја оставиш на само со партнерот.

Ова последново да се договориме дека си влече и проблеми со доверба - ако недовербата е во партнерот, тогаш другарката паѓа во втор план. Ама ако целата ситуација само заврши со општа непријатност и дечко/маж што ќе ви се пожали со „ми се пушта“ - не е тоа е некоја другарка.

За проблематичните другарки е тешко да одлучиш дали да ги оставиш да ти се врткаат околу животот - те врзува можеби историја, заеднички моменти, ситуации во кои ти се нашла. Но, кога веќе се поставува прашањето „дали да продолжам да се дружам“, значи дека нешто е климаво во односот. Особено ако повеќе нè јаде отколку што ни е пријатно.

Ана Акана прави комичен, драмски перформанс на темата и тера на размислување:

16 мај 2022 - 14:00