Книгата на Бритни Спирс излегува во октомври

Бритни Спирс објави дека нејзината следна книга со наслов „Жената во мене“ ќе излезе на 24 октомври.

Во текот на кариерата Бритни извади неколку книги, но оваа ѝ е прва после „ропството“ (види тука и тука), кога беше под контрола на нејзиното семејство и нивните адвокати.

Заедно со мајка ѝ ја напиша Heart to Heart, па потоа и полуавтобиографскиот роман базиран на животот на Бритни со наслов A Mother's Gift. Има издадено и два дневници, еден од снимањето на филмот „Раскрсници“ од 2002, а другиот е визуелен дневник од турнејата Stages.

Помалата сестра на Бритни исто извади книга на почеток на 2022, на што Бритни реагираше со адвокати и ја нарече „ѓубре“. Се имаат потсмирено од тогаш.

Инаку, на сајтот на новата книга се ветува „исклучителен хумор и искреност“ и дека фановите конечно ќе ја прочитаат и нејзината страна на приказната.

Хардкор фанови, ја имате и за pre-order.

13 јули 2023 - 12:43