
Одеднаш публиката ѝ верува дека може. И според Дедлајн, треба да ја игра принцезата Дајана во новиот биографски филм во режија на Пабло Ларејн.
Дејствието во филмот, кој ќе се вика „Спенсер“, се случува во три дена, во Сандрингам, во рани ’90-ти - последниот Божиќ што Дајана го поминува таму. Во тој момент, бракот со принцот Чарлс не функционира, па го напушта кралското семејство. Сценариото е на Стивен Најт (Пики Блајндерс).
Улогата е ризична главно затоа што едвај има луѓе што точно успеале да ја прикажат Дајана досега. Во 2013, Наоми Вотс проба и според критичарите - не успеа, па филмаџиите се плашеа да го пипнат изворниот материјал. Сепак, Пабло Ларејн кој успеа со „Џеки“ и Натали Портман би требало да знае како тоа се прави.
Снимањето би почнало на крај на 2021, што значи премиера би имале на крај на 2022. На време за Оскари 2023, а знаете дека вакви филмови тоа добиваат.
А во однос на тоа дали ќе се снајде: Sирнете ги последните неколку филмови што ги има направено. Некако, изгледа дека да.