Ако баш се фатиме за описот, ретко која серија денес не е хаотична, ама оваа баш така ја најавуваат. Насловот е Super Pumped и ќе се истражува токсичната средина и секс-скандалите што за малку ќе го уништеа Убер како компанија.
Гордон-Левит ќе биде главна улога - ЦЕО-то на Убер, Тревис Каланик, а приказната за хаотичниот подем на такси-апликацијата ќе биде централна тема во првата сезона, додека идните сезони, според Варајети ќе се однесуваат на други огромни компаниии што направиле комплетна револуција во светот на бизнисот.
Патем, првата сезона е базирана на романот Super Pumped: The Battle for Uber, од Мајк Ајзак (кој пишува за Њујорк Тајмс), и внатре ќе ги има плејадата скандали што Каланик ги сееше околу себе, токсичната работна средина, прикривањето на сексуални напади, скандал со бакшиши и недоволно платените возачи, како и „грејбалинг“-от - кога апликацијата ги избегна локалните закони шорум светот со тоа што одби да услужува владини институции. Кулминацијата ќе биде со драматичниот пуч за Каланик од страна на извршниот одбор, со што го принудија да го напушти Убер во 2019.
„Џозеф Гордон-Левит е исклучително интелигентен и харизматичен актер, отелотворува шарм и непредвидливост. Едвај чекаме да видиме што ќе донесе во улогата на Тревис Каланик, хипер-брилијантниот и контроверзен ЦЕО, чија амбиција и непромисленост се заканија на самата компанија што беше одлучен да ја изгради,“ вели Ејми Израел, потпретседател на Шоутајм.
Освен Гордон-Левит, други ангажирани уште не се знаат. Нема ни датум за премиера, но се очекува продукцијата да почне наскоро.