Кит Кат е толку вкусно затоа што е полнето со уште Кит Кат

Има една посебна убавина во ова благо без разлика во кој формат е, и има добра причина за тоа.

Производителите на Кит Кат не дозволуваат ниедно направено Кит Кат да остане неизедено. Звучи логично, ама не како што нашите криминогени умови би го зачнале – вработените не дојадуваат се што нема да пројде во производство.

Всушност, секое чоколатце што нема да помине контрола на квалитет (не се рамни редовите, не е доволно сјајно, или има грутки), се враќа назад, се гмечи во една совршена паста од несовршени Кит Катчиња и служи за полнење на ново Кит Кат што потоа пак иде на контрола на квалитет и така натаму Кит Кат-сепшн.

Бонус - Патувањето на млекото од крава до Кит Кат:

 

5 јуни 2017 - 13:01