Кејт Бланшет не сака да биде актерка засекогаш. Ова не значи дека утре ќе се пензионира, но сепак вели дека ќе дојде време кога ќе ја остави професијата зад себе.
„Моите дома превртуваат со очи секогаш кога ќе го кажам ова, но го мислам. Сериозна сум за откажување од глума. Има многу работи што сакам да ги правам во животот.“
Бланшет скоро се појави со Мајкл Фасбендер во Black Bag на Стивен Содерберг - филм што заработи 21 милион во домашните кина. А, вели дека „цел живот го поминала трудејќи се да се научи да ѝ биде удобно, додека ѝ е неудобно“ пред очите на јавноста како славна актерка.
„Кога ќе се појавиш на ток-шоу, па ќе видиш инсерти од нешта што си ги кажал, извлечени и подложни на критика, звучат прегласно. Јас не сум таква,“ вели Бланшет. „Повеќе смисла имам во движење - долго време поминав обидувајќи се да се помирам со идејата дека ќе ме фотографираат. Отсекогаш сум се чувствувала како да сум на периферија на нештата, па секогаш се изненадувам кога припаѓам некаде,“ додава на тема слава. „Со љубопитност навлегувам во секоја околина во која што се наоѓам, без да очекувам да бидам прифатена, или добредојдена.“
Во интервју на Филмскиот фестивал во Ротердам годинава, откри и дека никогаш не мислела дека ќе може да работи во филмската индустрија.
„Јас бев задоволна од кариера во театар. Не мислев дека сум од тие [за филм]. Има едно сфаќање дека жените имаат рок на траење во филмската индустрија и дека одредени типови жени смеат да парадираат на платното, а други не.“
Следното од Кејт Бланшет е кај Џим Џармуш - „Татко, мајка, сестра, брат“, каде што ќе играат и Адам Драјвер, Мајим Бијалик, Том Вејтс, Шарлот Рамплинг, Индија Мур и Лука Сабат. Во меѓувреме е во Лондон во театар, со „Галебот“ на Чехов.