Како стварно се чистат четки за шминка

Од некоја причина, на луѓето не им се чистат четки за шминка. Ги ставаат во истиот кош со перење, пеглање и бришење прашина, а не треба. На лице оди тоа.

И не, не ви важи тоа „е, добро де, во несесер ги чувам, шо.“ Кога би знаеле што сѐ сте собрале во несесерот, или кај и да ги чувате, би се помислиле дали така ќе ги оставате со месеци.

Постои правилен начин за чистење четки, инаку.

И почнува од - колку често треба да се чистат.

Според шминкери, им треба редовно плакнење на две недели, уште поубаво на една. Ако имате многу чувствителна кожа, треба и почесто, на неколку дена.

А како? Има неколку методи.

Метод прв: Во мијалник во кујна

Обично средство за садови многу врши работа, заедно со мала количина маслиново масло во чинивче. Можете и со беби-шампон. Инаку, сапунот чисти, маслото делува како субрина.

Четките се топат во смесата, па се чистат на чиста рапава површина. Можете и на рака, ама рапавата површина овозможува поголемо триење и подобро чистење.

Метод втор: Кога треба длабинско чистење

Кога мора да отстранувате и глитер и упорни бои, се препорачува да набавите средство наменето за чистење четки.

  • Овој пат ви треба лавабото во купатило - се навлажнува четката со влакненцата надолу (за да не го разложите лепакот што ги држи).
  • Се става шампон за четки, поточно, четката се става во пакувањето и се вртка малку. Потоа, се користи текстурирано душече наменето за чистење четки.
  • Се става под млаз вода, а на крај се дезинфицира рачката со алкохол.

Сепак, вие само стигнете (и редовно стигајте) до сјајот во кујна и на коњ сте.

Немојте да користите гадни четки.

Овде има и за чистење бјути блендер.

А овде има сеир за пазарските четки за шминка на Кајли Џенер, која патем, пред некој ден ја симнаа од листата на милијардери на Форбс затоа што малце подизлажала дека е милијардерка.

2 јуни 2020 - 00:00