Можеби е too much да се надева човек дека сите 7-8 души на сликата ќе се бендисаат. Но, сепак, има начини како да се потрудиш да дојдеш до тоа, па барем знаеш дека си направил сѐ што е во твоја моќ, за никој да не се срами да ја објави сликата.
1. Нека биде еднакво светлото
На групни фотографии, гледајте сите инволвирани да застанат на добро светло. Ако си на туристичко место и сакаат да се сликаат пред нешто, види дали тоа нешто е на сонце или во сенка. Ако замокот, да речеме, е во сенка, нека бидат и луѓето во сенка. Ако сè е избањато во сонце, и луѓето треба да бидат на сонце.
2. Провери дали сите лица се гледаат
Од прва изгледа успешно, а дури отпосле се гледа дека нечие лице е до половина покриено со рака. Ова може е најлесно за пазење, ама секако треба да се направи двојна проверка.
3. „Големата тројка“ грешки
Да не ги преплетуваат прстите, да не ја ставаат целата тежина на предната нога (таа што е поблиску до камерата) и да ги одвојат малку рацете од телото.
4. Кристално јасна комункација
Нека не ви биде незгодно да им зборувате на тие што ги сликате, макар и да се непознати. Им кажуваш што ќе направиш, од кој агол ќе сликаш, гласно им одбројуваш до сликањето за да не се укочат чекајќи да сликаш.
5. Wide-angle е (понекогаш) супер
На Ајфон, ова е 0.5 зумот. Супер е ако имате многу луѓе во помал простор. Само внимавајте на краевите на рамката.
6. Направете неколку варијанти
Една портрет, една со цели тела, една со торзо. Нека имаат да бираат луѓето.
7. Нека се опуштат сите
Луѓето имаат тенденција да се стегнат кога е време за сликање. Потсетете ги да ги опуштат рамената и да ја исправат брадата. Овие две работи чуда прават за крајниот производ.
8. Една тест фотка
Ако не си модел, тешко е да замислиш како ќе изгледаш на фотографијата, дури и кога мислиш дека позираш како што треба. Направете неколку фотографии за тест, па покажете им. Така ќе знаат што да поправат за крајната фотографија.
9. Правилото „Венити Фер“
Постои нешто што се вика триаголник композиција, или the Vanity Fair rule. За понапредни фотографи, ова е паметен начин групната фотографија да се направи поинтересна. Главната поента на техниката е да се создадат триаголници. Нека позираат луѓето во групи од по три, а главите нека формираат обичен или превртен триаголник.
10. Слободно глупирајте се
Луѓето никогаш не негодуваат кога сликата е општо шашава.