Значи, пејачка, стилист, бизнис-жена и мајка на четири деца - Викторија Бекам излегува дека е стручњак за мултитаскинг. Во јавност е од 1994-та, во ’97-ма се мажи за Бекам, а до ден денес е синоним за… Па, како би се изразиле, а највеќе да одговара? Sвер. Не дека сме во тек со СÈ што прави. Ама тој осет што го има за комбинирање на навидум едноставни, класични парчиња, тоа стручноста со широки кошули, снаодливоста околу рамни сандали и патики - сето тоа е толку добро, што колку и да ја бива во секоја друга сфера од животот - не може да ја бива колку за ова. Ете толку е добро.
Одиме по ред: