Како се дотеруваше Шели Дувал

Шели Дувал може никогаш немаше да ја дознаеме (ниту пак да имаме ТАКВА Венди Торенс на филм) да не ја начекал Роберт Алтман на журка во ’70-ти, па да ја прибере да глуми во неговата комедија „Брустер Меклауд“.

Заедно направиле уште многу филмови, меѓу кои и „3 жени“, за кој Дувал добива награда за најдобра актерка во Кан. Ја викале и „Твиги од Тексас“, заради сличноста со Твиги, а нејзината ексцентричност и харизма ѝ помагаат да износи многу различни улоги во текот на кариерата.

„Скоро никој не звучи и не изгледа така,“ пишува Роџер Еберт, кој ја има интервјуирано во ’80-ти. „Во сите нејзини улоги, има една отвореност, како ништо да нема меѓу нејзиното отворено лице и нашите очи - ни камера, ни дијалог, ни шминка, ни метод на глума - едноставно спонтано станува тој лик.“

Инаку, „Сјаење“ полни 40 години, и во таа чест, одиме не кај Џек Николсон, не кај Стенли Кубрик, туку кај Шели Дувал и нејзиниот впечатлив изглед низ кариерата.

На снимањето на „Нешвил“ во 1975:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Shelley Duvall as L. A. Joan in “Nashville” (1975) 🎞

A post shared by Shelley Duvall (@soshelleyduvall) on

Во костим за „Брустер Меклауд“:

Без разлика што на филм е секогаш во впечатлива гардероба, она што ја прави „постер грл на ‘70-ти“ е начинот на кој приватно се облекувала:

 

Снимањето на „Сјаење“ каде што не можеме да замислиме ниедна друга ѝ е најпозната појава на Дувал, ама далеку од тоа дека ѝ било пријатно. Да влезе во ликот на Венди Торенс било „речиси неподносливо“, бидејќи Стенли Кубрик ја тероризирал скоро колку Џек што ја тероризира Венди - сакал да се чувствува изолирано и скршено.

„Цело време се разболував затоа што стресот на улогата беше огромен,“ има изјавено еднаш. „Стенли ме ме малтретираше и ме тераше да одам подалеку од кога и да е. Најтешка улога што сум ја играла.“

Затоа, после Кубрик се враќа кај Алтман да игра многу помалку стресна Олива во „Попај“ со Робин Вилијамс.

Денес не изгледа вака. Ама нема ни да ви покажеме како изгледа. Наместо тоа:

27 мај 2020 - 12:33