Да земеш нешто што е значајно за една култура и да го УКРАДЕШ.
Звучи неверојатно неправедно, а всушност има толку многу слоеви, што е невозможно да дефинираш што точно значи крадење, и кој сѐ смее да позајмува од нечија култура. И што точно е позајмување, што е крадење, а што е земање со право?
Што е славење на културата, а што е искористување? Смее ли воопшто некој да мрчи на таа тема, ако не е случајот некаков блекфејс, јелоуфејс или нешто такво безочно?
Луѓе губат работа заради вакви обвинувања, а уметници се принудени да уништат сопствени дела.
Во „Во одбрана на културолошкото присвојување“ пишувавме за ликот што си запали дело затоа што некои сметаат дека нема право да прави нешто во чест на домородните Американци.
Во модниот свет често го јадат поради ова. Но, се наоѓаат и разумни меѓу напаѓачите, кои тврдат дека имаме случај на културолошко присвојување кога ќе го измкнеш од нечија култура и ќе го претвориш во костим. Што сосема има смисла, за разлика од тоталната глупост да напаѓаш мајка која на ќерката ѝ исполнува желба да има гејша-забава за роденден.
Овде различни луѓе го објаснуваат нивното гледање на работите. А дека имаме уште работа за дефинирање на темата, имаме. Среќа, па кај нас нема толку различни един од други, колку и да сакаме да тврдиме дека е така. Инаку, кај ќе ни беше крајот.