Како мислиш, 9-годишни девојчиња бараат вагинопластика?

Пластични хирурзи од Запад ги фаќа благ ужас од фактот што сè помлади и помлади девојчиња им доаѓаат со барања за козметички операции на интимните делови што е резултат на една телесна несигурност наметната од социјалните мрежи и порнографијата.

Вагинопластика е процедура каде што се менува изгледот на усните на вагината. И една докторка (гинеколог за адолесценти), Наоми Крауч е баш насекирана што сè повеќе девојчиња ѝ доаѓаат за ова. Тврди дека на толкав интерес – уште не се појавила ниедна што стварно има потреба од операцијата.

„Доаѓаат девојчиња со коментари од типот – ги мразам, тргни ги – и крајно е незгодно едно девојче така да се чувствува во врска со дел од телото, особено интимен дел.“

На Пакита де Зулуета која е гинеколог повеќе од  30 години, ѝ доаѓаат девојчиња на 11, 12, 13-годишна возраст, убедени дека нешто им фали на вулвата – глупа форма било, зошто било толку големо, или зошто е толку одвратно. На ова додава дека вината лежи во порнографијата и социјалните мрежи и дека вагинопластиката треба да биде процедура само за девојки кои имаат медицински проблем.

„Нема доволно едукација, а треба да се почне од многу рано да се објаснува дека едноставно – сите се различни, како што ни се различни лицата – и тоа е во ред.

Во 2015 и 2016 повеќе од 200 девојки помлади од 18 години побарале (и им била направена) вагинопластика, а повеќе од 150 од тие биле помлади од 15.

„Не ми се верува дека баш 150 имале медицински проблем што морал да заврши со вагинопластика,“ вели докторката.

Од друга страна, многу хирурзи расправаат дека е навредливо да се претпоставува дека жените најчесто го прават тоа од естетски причини.

„Некои жени имаат сериозни непријатности и инфекции поради големината на усните,“ вели Кристофер Инглфилд, пластичен хирург од Лондон.

„Најекстремниот случај беше со едно девојче на 18-19 години, чии усни беа огромни до степен да ја задеваат во школо дека е машко. Имаше трауми и моравме да добиеме одобрување од психолог за да ја направиме операцијата.“

5 јули 2017 - 11:02