Како Дракула станува најпопуларниот вампир на светот?

Над 100 години откако го погребуваат неговиот создавач, Дракула продолжува да живее како најславниот вампир во историјата. Но, овој трансилваниски благородник кој не е ни првиот фиктивен вампир, а ни најпопуларниот во негово време - за малку ќе останел недознаен, ако не бил еден судбински пресврт. Како една критична битка за авторски права го носи ликот на Брам Стокер во денешниот мејнстрим?

Почетоците на митот за вампири се 800 години пред имагинацијата на Брам Стокер да го роди ликот Дракула, кој со Влад Тепеш или Дракула III очигледно дели само име. И од кај доаѓаат?

Од кај нас. Доаѓаат од кај нас, од словенски фолклор, од Балкан. А на запад почнуваат да се шират заради Србија и нејзината заробеност меѓу две огромни сили - Хапсбуршка монархија и Отоманска империја. Странските војници и административци забележале чудни ритуали при погребите и за сите известиле дома. А за сите причини поради кои лудите балканци закопувале лук, мак, палеле и боделе недолжни лешеви имало совршено добро научно објаснување: по смртта телата отекуваат од гасови, може да крвари и устата, па телото личи како да било живо и се хранело неодамна.

Пратиле и доктор да испита, и без разлика што вратил извештај каде што сето тоа го демистифицирал, фантастичните приказни веќе си имале фатено свој пат. И стигнале до Брам Стокер, човек што до својата 7-ма година бил врзан за кревет и слушал страшни народни приказни од мајка му.

26 август 2021 - 14:33