Како да не бидеш досаден

School of Life тврдат дека човек не се раѓа досаден  не само тоа, туку и дека нема човек што е навистина таков. Тие напорни ликови што ги среќаваме секојдневно, секако стојат како еден контра-аргумент на ова тврдење, но сепак, општиот заклучок е дека само постои опасност да делуваш досадно, ако не си успеал да се запознаеш самиот себе.

Она што треба да се запази е дека луѓето што со отворен ум ќе го погледнат видеото „Како да не бидеш досаден”, размислуваат на таа тема и најверојатно се чуваат од оставање на таков впечаток. Луѓето што ќе ти се натнат во Џубокс да ти тврдат дека се архитекти во Париз никогаш не би се замислиле - тие себеси се сметаат за поклон во друштво.

Да се потсетиме:

Истиот тип поради неговата состојба имаше заборавено дека само минатиот викенд ме убедуваше дека е архитект во Париз, додека не се појави некој и не рече: „А, го знам овој бе, у Аеродром живее".

А со еден малку посериозен пристап:

Можеби вреди да се спомне во случајов, дека се работи за спасување од бивање досаден пред самиот себе и луѓето што ти се битни. Во духот на еден коментар под видеото на Јутјуб, 

„Ако почнеш да го правиш сето ова, не си веќе досаден, сега си чуден.”

Ама ако имаш луѓе со кои што ти е ќеиф да бидеш чуден - уште поарно.

5 октомври 2017 - 14:50