Како да ги преживееш, па и да уживаш во празниците ако си интроверт?

Некако треба да сме уверени дека новогодишните празници се сезона на бескрајна и задолжителна радост, но на интроверти ова им изгледа како маратон на социјални обврски.

Семејни вечери, канцелариски забави, друштво што инсистира на Таен Дедо Мраз - сè ова може да те натера да сакаш да се сокриеш во дупка до 20-ти јануари. Сепак, со малку планирање и неколку финти, може да се издржи без да се доведе енергијата на раб на исчезнување.

Приоритет од она што ти е „да“.
Поточно - не мора да се одговори на секоја покана. Разгледајте си го празничниот календар и изберете еден-два настани што би ви значеле и во кои би уживале. Да се каже „не“ на сите останати не е непристојно и грубо; само е нега на психа. Грациозно одбивање со „благодарам што ме поканивте, но оваа година не можам“ е сè што ви треба.

Стратешко полнење батерии.
Ако сепак отидете на друштвен настан, почнете со декомпресија на време. Влезете подоцна, или заминете порано. Најдете момент да останете сами за време на тие собири, без разлика дали ќе биде излегување на тераса на свеж воздух, или ќе се понудите да измиете садови (златен рудник за осамување интроверти). Во ред е да се прави пауза.

Најдете си сидро.
Кога гужвата ќе ви дојде премногу, задржете се за нешто пријатно. Најдете удобен агол, фокусирајте се на еден значаен разговор наместо на повеќе површни муабети, или држете близок покрај себе како ограда.

Нека бидат тивки традиции.
Не мора сè да биде журка и кафана. Нека биде новогодишно гледање филм со друштво, новогодишно шетање во природа, или печење колач по дома. И така можете да се дружите, а да не се претера со стимулација.

И на крај, решението наречено - не.
Ако дури и самата помисла на празнични радости ве нервира, нека ви биде јасно дека е во ред да се одлежи оваа година. Отпатувајте некаде сами, или испланирајте си ден за себе по дома, со серии, книги и благо. Изборот да останете дома искомуницирајте го љубезно: „Оваа година ќе полнам батерии на тивко, но ќе ми недостигате!“ Ќе се изненадите колку луѓето можат да имаат разбирање.

На крај, празниците не мораат да значат задолжително дружење. Со поставување граници и креирање простор за себе и потпирање на она што ви прави добро, можете да издржите цела сезона, ем полни со енергија, ем со неоштетено ментално здравје.

5 декември 2024 - 12:47