Интернетот се фати за погрешен Харви

Та не сме саде ние што не дочитуваме, па се истрчуваме да трескаме глупости на социјални мрежи. Во екот на разобличувањето на еден од највлијателните холивудски продуценти, Харви Вајнстин, и обвинувањата дека сексуално ги малтретирал неговите вработени и колешки, интернетот успева да не се информира како што треба, па да му се нафрли на - Харви Фајрстин, исто така продуцент, но сепак - геј.

За почеток.

Ова е Харви Вајнстин: 

За него не се знае точно на колкава бројка на жени им има речено „ај да се масираме”, што облечен, што гол. Некои ги уценувал, на некои им плаќал и оштета за да ќутат.

Ова е Харви Фајрстин:

Актер кој има добиено Тони за улогата на Една Турнбалд во „Лак за коса” и реди успеси како продуцент на мјузикли. И воопшто не го интересираат жени, освен да се дружи со нив како на сликава со Синди Лопер на пример:

Иако е многу геј, театарската легенда наводно нонстоп добива агресивни пораки и напади од рандом луѓе на интернет.

Од погрешната страна на интернетот, сè уште има твитови од типот „не ми се верува, нели е педер” и слично. Како и да е, со оглед на тоа што никако нема начин да е крив, Харви Фајрстин мирољубиво се справува со ситуацијата:

„Наводно Харви Вајнстин е во неволја, а некако јас го јадам стапот. Јасно ми е. Сите Харвиевци изгледаат исто.”

 

13 октомври 2017 - 13:00