Индија виде мирен протест на 5 милиони жени

Во вторникот, милиони жени во Керала, Индија здружено направија „женски ѕид” протестирајќи за „менструалната забрана” за жени во храмот Сабаримала.

Храмот е едно од најсветите места во Индија и забраната за жени трае веќе стотици години. И пред два дена, жените во рок од 15 минути формираа ѕид долг речиси 620 (со зборови и извичник: шестотини и дваесет!) километри како поддршка за крајот на оваа пракса.

Две жени, и двете четириесетгодишни, влегоа во храмот прв пат вчера, после протестот, и тоа со полициска придружба. Јакото е што после нив, храмот морале да го затворат на еден час, за да можат свештениците набрзинка да го прочистат просторот. После тоа имало уште протести, овој пат со солзавец.

Конкретно, се работи за следното: Во септември, врховниот суд во Индија ја тргна забраната за жени, па, како што обично бива, религиозните конзервативци протестираа и не се согласуваа. Владејачката националистичка партија во Индија, остро се спротивстави на одлуката и бара повлекување, а власта во Керала (комунистичка и марксистичка партија) ја поддржува судската одлука.

Ете, денес научивме дека постои човечки ѕид од 620 километри, жените се закон и дека дури и во Индија судството е независно од власта.

3 јануари 2019 - 12:57