Има ли пилот во авионот на „Дав”?

Или стварно се до толку без осет, или се совршено свесни што прават, затоа што нејасно е како може во толкава корпорација да не се најде еден што ќе каже „Дечки, рекламава е крајно расистичка.”

Дав има нова купка која треба да се изрекламира. На некој од маркетинг му текнува дека е одлична идеја да се ангажира црнкиња која би се соблекла, и во следниот кадар би излегла бела жена, како алузија дека првава се избањала со купката и се претворила во втората.

Ова звучи како пародија на повеќето глупости што ги изведоа малите и големите брендови во последниве години откако е модерно луѓето да се вреѓаат за сè и сешто, но во моментот кога Дав јавно се извини за „неумесноста” на рекламата, на луѓето им стана јасно дека нема тука никаква шега.

По интернет, луѓето бараат одговори за тоа кој дозволи да помине реклама каде што муабетот е – црното е валкано, а белото е чисто.

Историски гледано, сапунот често се рекламирал со идејата од црнец во белец, и тоа Твитер не заборави да го посочи:

Не им е ни прв пат, со оглед на тоа што некој успеал да го одобри и следново:

Ова почна толку често да се случува, и тоа кај брендови за кои е очигледно дека имаат огромни маркетинг тимови, што се поставува прашањето, дали всушност им се исплати да направат ваква бура од реакции, или само се масовно недоветни?

Од Дав го објавија следното:

Како дел од кампањата за Dove Body Wash објавен беше спот од 3 секунди на американската Фејсбук-страница. Ова не ја претставува различноста на вистинската убавина што Дав толку ја почитува и е основа на нашите убедувања и не требаше да се случи. Ја отстранивме објавата и не сме објавиле ништо поврзано со тоа. Длабоко и искрено се извинуваме за навредата и не одобруваме активности или слики кои можат да ја навредат било која публика.

9 октомври 2017 - 12:44