Им предвиде Роулинг, ама кој да ја слуша

Нов случај од женски затвор во Шкотска повторно ја отвори болната и контроверзна тема за начинот на кој институциите во Велика Британија балансираат околу правата, безбедноста и законските обврски кога се работи за трансродови затвореници.

На кратко: Трансродова затвореничка сексуално нападнала друга затвореничка. Поточно, се работи за маж кој пред обвинувањето живеел како маж, но веднаш по изрекувањето на пресудата се декларирал како жена и со тоа добил право да биде сместен во женски затвор.

„За овој сексуален напад е виновна шкотската влада,“ напиша Џ.К. Роулинг на Твитер. „Врховниот суд го потврди женското право на еднополов простор. Ако жртвата сака да тужи, jkrwf.org може да ги покрие сите трошоци.“

Случајот е веќе кај обвинителството, а поради тековната постапка, надлежните не откриваат дополнителни детали.

Сличен став на Роулинг има и организацијата For Women Scotland, која подолго време предупредува дека ваквите политики носат ризици за жените во затворите. Од таму побараа итно преиспитување на пристапот, оценувајќи го како „опасен и глуп експеримент“.

Од друга страна, политичари како Зек Полански инсистираат дека ваквите случаи не треба да се генерализираат - како што смета тој, одлуките за сместување мора да се носат индивидуално, врз основа на процена на ризик, и не треба да создаваат дополнителна стигматизација кон трансродовата заедница, која и самата е ранлива во затворски услови.

Овој случај доаѓа во момент кога правните и политичките спорови околу ваквите политики во Шкотска сè уште не се решени, а не се затоа што не е баш едноставно: од една страна е безбедноста на жените во затворите, од друга - обврската за заштита од дискриминација и насилство кон трансродовите лица.

27 април 2026 - 09:52