Господ реагира на бомбардирањето на концертот на Аријана Гранде

Верник: Боже, те молам објасни го бомбардирањето на деца на концертот на Аријана Гранде.
Господ: Не можам.

Пред неколку години, на Фејсбук се појави Господ, и тоа не на Велигденско јајце, или на исечено дрво, туку како фан пејџ. Оттогаш, ги забавува сите што го следат, со коментари на сè што мрда, од политика до мачки и кучиња. Овој пат, една „верничка“ му бара да го објасни терористичкиот напад после концертот на Аријана Гранде:

А Господ вика вака:

Драг Човеку,

Не можам да го објаснам убивањето на невините. Никогаш не сум ни можел. Упорно им кажувам на луѓето веќе илјадници години да не се убиваат меѓу себе. Убиството е строго забрането во Тората, Библијата и Куранот. Сочувствувам со сите жртви на овој напад и сите други напади.

Сè што знам е дека ако некој е крив, тогаш Јас сум. Да не постоев, или да не дозволев да се развие таа религиозна страст, можеби ништо од ова немаше да се случи. Иако, ако веќе правиме муабет, сигурно луѓето ќе си најдеа некое друго глупо оправдување за нивното безумно зло.

Веројатно вистината е дека некои луѓе се плашливи, мизерни кретени што сакаат да ја ослободат својата болка во светот. Но, знаеш што? Повеќето луѓе се пристојни, добри луѓе што сакаат мир.

Терористите сакаат да живеете во терор. Сакаат да бидете исполнети со страв и мизерија како нив. Не им го давајте тоа што го сакаат.

Бидете силни,
Господ

Понекогаш вака, кога ситуацијата бара сериозност, човекот зад комичниот лик на Господ прилично сериозно си ја сфаќа работата да теши луѓе. А понекогаш, има мислење за Трамп, се кара со луѓе што се загрижени за „кај ќе му оди душата“ и баш е јако да се има во News feed на социјални мрежи.

 

24 мај 2017 - 13:00