Прво ја разотркија Кајли Џенер дека лаже дека е милијардер, и тоа самонаправен, со докази, документи, даночни пријави и сѐ друго што им е фах, без разлика што Џенер максимално се потруди да го увери светот дека е така.
На тие (над) 900 милиони богатство, зошто е битно и последното ситно од стотката не знаеме, ама желбата на Кајли не ѝ се оствари.
Сега дојде надежната прва дама на САД на ред - Форбс тврди дека ни таа не е милијардер.
Како и нејзината помлада сестра, според Форбс, Ким Кардашијан има „само“ некои 900 милиони долари откако продаде 20% од ККВ Бјути за 200 милиони долари во понеделникот. Проценуваат дека зделката која ќе се затвори во првиот фискален квартал на 2021 ќе ја направи Кардашијан мнозински сопственик со удел од 72 проценти, но и дека мајка ѝ, Крис Џенер поседува 8 проценти од бизнисот што ја спречува да го достигне милијардерскиот статус.
Една е мајка.
Објавата е најнов обид списанието да им го скрши филмот на кланот Кардашијан-Џенер - Кајли ја обвинија дека им покажала фалсификувани даночни пријави за да ги убеди дека станала најмладиот самосоздаден милијардер на светот. Се налути и им рече „Можам да смислам едно 100 поважни работи во моментов од фиксирање на тоа колку пари имам.“
Како на пример дека Канје ќе се кандидира!
2020.