Популарен пример за оваа појава е Скарлет Јохансон која со години е едно женско во главно машка екипа - Авенџерс и на промотивни турнеи обавезно кај нејзе завршува побарувачката на неинтересни информации.
Ако Крис Хемсворт го прашуваат колку време и како вежбал за улога, нејзе ја прашуваат како успева да жонглира со снимањето и мајчинството. Сте чуле глумец - маж да го прашаат дали наоѓа време за децата додека снима? Не. Ако Марк Рафало го прашуваат како се снашол со актерскиот предизвик за Хулк, нејзе ја прашуваат што мисли за модните елементи на нејзиниот костим. Го прашале ли Ал Пачино за модните елементи? Ако на црвен тепих Роберт Дауни Џуниор го прашаат каква му била соработката со режисерот, Скарлет ја прашуваат кој дизајнер ја облекол. И така.
Сево ова е само со Скарлет Јохансон како пример. Поарно да не почнуваме со сите други успешни јавни женски фаци, а ич да не навлегуваме со жени надвор од јавната сфера, локални дури, што кога одат на работа или на пат (службен или забавен), обавезно треба да имаат и спремно одговор за „Кој ти ги чува децата?“
Кога последен пат сте прашале маж што патува „Кој ти ги чува децата?“