Глупи, или не, костимите во „Емили“ сепак имаат приказна

Анализа на модните избори од прва до трета сезона, и зошто се токму такви.

Прво, костимите во „Емили во Париз“ се меѓу почесто дискутираните теми вo врска со серијата, а мислењата се поделени. Имаш табор - никој така не се облекува и табор - што ти е гајле, и онака е паралелен универзум

Off Cafè припаѓа на двата. Еднаш ја браниме серијата, еднаш ни доаѓа преку глава, ама таква е.

Дизајнерката Жустин Леконт од зналачки агол пристапува на костимите од почеток до каде што сме сега. И има филозофија: На почетокот, Американката Емили доаѓа во Париз и се судира буквално со сите, и метафорички и визуелно. Наспроти „обичните“ бои и луѓе околу неа, ја облекуваат во светли, неонски бои каде што доминира жолто (боја на младоста) и покажуваат колку е нова, млада, неискусна и надвор од тој свет.

Веќе во втора сезона, иако сè уште требаат наочари за сонце, покрај неонското и шареното, полека почнуваме да гледаме и монохроматски варијанти, ДУРИ и едни фармерки, на што и Леконт ќе искоментира дека веднаш изгледа полокално, наспроти многу-кратките сукњи што се нонстоп на неа.

На крај, сега во трета сезона, иако нема спас од шареното, барем ја облекуваат во дезени што се редовно дел од гардеробер на обични Французи. Но, нели, со „Емили“- твист, не смее да се заборави луфата.

28 декември 2022 - 11:16