Ги видовте слушалките на Луи Витон?

995 долари ќе бидат. Како што ќе каже најверојатно секоја мајка, глеј изгуби ги.

За AirPods се мрчеше до небо и назад, се одмавнуваше со рака, се нејќеа, беа глупи и слично, па туку ќе ги најдеш во нечие уво како статусен симбол или купени од мерак, често кај човек што сто пати изјавил „А бе, не ги купувам, глупости живи.”

И како да не беа доволно буржоазија AirPods, со нивната цена од 160 долари (особено драматична кога ќе ти текне колку лесно можеш да ги изгубиш), има повисока скала. Слушалките на Луи Витон што ќе бидат скоро 1000 долари и ќе излезат подоцна годинава.

Ќе се гледа монограмот, во соработка се со Horizon и ќе работат со се што пушта музика и има блутут.

Се кладиме дека ќе се распродадат за 5 минути?

25 јануари 2019 - 00:00