Гандалф се вакцинираше

Затоа што и на Гандалф/Магнето/Ричард III не му се фаќа корона.

Сер Иан Мекелен кој има 81 година се вакцинираше и првата реакција му е - „Еуфоричен сум.“

„Многу посебен ден ми е. Сите што живееле долго како мене се живи затоа што претходно биле вакцинирани, а ќе бидат вакцинирани 100% од постарата популација, и така треба, затоа што ја примате вакцината не само заради себе туку и за блиските - и давате придонес во општеството.“

Не пропушти да каже дека не боли:

„Се разбира дека е безболно… Ми одговара и да се запознаам со болничарите и лично да им се заблагодарам за напорната работа и трудот што го вложуваат, тоа ми е бонус. Без воздржување го препорачувам ова на сите. Имам многу среќа што дојдов до вакцина.“

Вакцинацијата е веќе во тек во Велика Британија - почнаа со здравствените работници, па луѓето во домовите за згрижување и за стари лица. Тие што ја примаат Фајзер вакцината ќе добијат и ревакцина 21 ден по првата доза за да добијат најдобра заштита од вирусот.

17 декември 2020 - 15:38