Убиствата на Сара Еверард и Сабина Неса предизвикаа многу размислувања околу состојбата на машкото насилство врз жени.
Настаните што следат по вакви трагедии се често предвидливи. Некои повикуваат на подобрено сексуално образование. Некои сакаат да се регулира порнографијата, расправајќи дека ова би ги спречило мажите да развијат мизогини идеи.
Многу од овие барања се и контрадикторни едни на други. На пример, додека некои феминисти сакаат полицијата повеќе да се инволвира во безбедноста на жените - мизогинијата да стане казнива со закон и жените да можат послободно да се обратат во полиција за малтретирање на улица - други велат дека на полицијата не може да ѝ се верува.
Дури и самата полиција сега вели дека жените треба да се чуваат од сами полицајци на улица. Сепак, Еверард ја уби полицаец. И токму полицајци ги фотографираа мртвите тела на Никол Смолман и Биба Хенри, па си ги препраќаа на Ватсап. Што значи, ако не можеме на само да разговараме со полицаец, зошто да им веруваме кога ќе даваме изјава во полиција?
Разбирливо е зошто вакви трагедии предизвикуваат некои жени да се замислат во кожата на Еверард или Неса и да ги почувствуваат морниците на она „што ако?“. Но она што не е толку јасно е желбата на политичарите и коментаторите да набиваат страв за безбедноста на жените врз основа на овие трагични, но неретки инциденти.
Според еден извештај, 71 процент од жените тврдат дека искусиле „некаква форма на сексуално малтретирање на јавен простор.“ Се разбира, 71 процент е висока бројка, но таква е затоа што извештајот покрива широк спектар на однесувања што се сметаат за сексуално малтретирање. Дефиницијата е, „континуум од насилни практики против жени и девојчиња“ што вклучува силување, друго агресивно допирање, присилно гледање порнографија, правење и циркулирање сексуални фотографии како и вербално сексуално однесување. Во основа, вели извештајот, „сексуално малтретирање е недобредојдено сексуално однесување.“
Со оглед на тоа што не знаеме на што од овие појави реагирала прашаната личност, тешко е да се одреди превалентноста на оваа наводна епидемија. „Недобредојдено сексуално однесување“ може да биде и наслушната мрсна шега, а може и да биде сериозно како недозволено допирање.
Убиствата на Еверард и Неса се држат и како примери за опасностите со кои жените се соочени на јавни места. Ова е и покрај фактот што пропорцијата на насилни акти против жените извршени од страна на непознати е екстремно ниска. Повеќето жени кои се сексуално нападнати или убиени го познаваат својот напаѓач, а најголемиот дел од насилството се случува дома.
Кога зборуваме за насилство врз жени, мораме да бидеме многу подетални во цитирањето статистики и тврдењата околу размерот на проблемот. Не е цепидлачење или омаловажување на сериозноста на малтретирањето да се каже дека случаи како тие на Еверард и Неса се исклучителни и ретки.
Ваквата хипербола за заканите по безбедноста на жените придонесува кон идејата дека жените се поранливи од мажите и не им се еднакви во јавниот простор. Стравот може да биде еднакво голема закана за слободата на жените како и статистиката на напади од мизогини мажи. Да се бара од жените да се плашат навечер, дури и кога нема од што е модус операнди на предатори кои се дерат од автобуски станици или стојат опасно преблиску до нас во јавен превоз. Човекот што ја уби Еверард, Вејн Кузенс наводно имал и историја на непристојно разголување. Луѓето како него уживаат и успеваат кога на жените им предизвикуваат да им е неудобно и да се плашат.
И покрај сета оваа интроспекција, решенијата што се предлагаат за справување со сексизмот и насилството против жени никогаш не се доволни. Тие што расправаат дека сексуалната едукација треба да се подобри, како да веруваат дека мажите што силуваат жени едноставно не се доволно едуцирани за дозволата - а вистинскиот проблем е што делуваат и покрај отсуството на таква дозвола од жената. Тие што повикуваат „мажите да се опаметат“ ќе добијат по некој ретвит од мажи-феминисти, но немаат никакво влијание на малцинството мажи кои сѐ уште веруваат дека можат да ги третираат жените како граѓани од втора класа. Насилството против жени не може да се реши со технички поправки како улично осветлување или полициски часови, или легални мерки како предлогот да се направи мизогинијата казнива со закон.
Сексизмот сѐ уште постои и не само благодарение на тие неколку мажи што живеат во ’50-те. Постои затоа што феминистичката политика на страв ја прифаќа идејата дека жените се поранливи и послаби од мажите.