Мерил Марко:

Кога сме кај сите тие „несмешни” жени

„Можеби полот со толку нежна креативност е тој што не е паметно да се најмува.”

Во ДНК на едно просечно комичарско излагање е приказна за некој одметник што бара начин да се дружи, некој што се обидува нешто да исправи со барање логика за да може публиката да престане да го прифаќа како такво и наместо тоа - да му се потсмева. Ако гледаш на тоа така, излегува дека комедијата е женска уметност, територија спремна за тие 50.8% од популацијата кои сèуште од некоја причина живеат со малцински статус.

Ова нè носи до ироничната дилема, со која само жените кои сакаат кариера во комедија се соочуваат: Иако комедијата треба да биде форма на уметност каде што прогонетите и различните се трудат да разоткријат лаги и нефер третман, од жените постојано се очекува да го игнорираат начинот на кој се третирани, за да не се прикажат како оперирани од хумор и лоши играчи. Со други зборови, жените се единствената група од која е побарано да не го користи својот „малцински” статус за да се истакне во комедија. Затоа и секогаш имаат етикета - несмешни.

„Комедијата со сите свои мутации ми е дом во последниве 40 години. За среќа, навикната сум дома да бидам третирана неприкладно, па не се ни потресов кога слушнав за Луис Си Кеј, чијшто неверојатен успех како човек што длабоко ги разбира човечките состојби сега е доста сомнителен.

Во 1978-ма, кога се залетав кон светлото на комедијата како издрогиран молец, не ми ни текна дека се работи за поле каде што доминираат мажи, затоа што не помислив дека смеењето е ограничено со пол. Свесна бев дека повеќето мои комичарски херои беа машки: Ерни Ковакс, Браќата Маркс, Монти Пајтон… Но истовремено и Џорџ Брнс и Грејси Ален. Меј Вест и Лили Томлин имаа свои империи.

И навистина ми изгледаше дека сцената се отвора за жените затоа што имаше една ганц нова емисија, Saturday Night Live каде што половина од екипата беа жени, и не само тоа, туку имаше 3 жени и кај сценаристите, наместо вообичаената една, „колку да се рече”.

Не ни сонував дека 23 години подоцна ќе ја видам Џејн Куртен („Третата карпа од сонцето”, „Коунхедс”) на Опра со следниот разговор за жените од таа екипа:

„Постојано се бореа. Мораа да работат против Џон (Белуши) кој велеше дека жените во основа не се смешни. И ако имаш читачка проба и ако некоја жена имаше напишано сценарио за Џон, тој го читаше со половина уста. Сметаше дека му е должност да саботира текстови напишани од жени.”

На почетокот не знаев колку е силен отпорот кон жените. Допрва требаше да ги учам постојаните изговори зошто да не се најми жена, кои беа еквивалентни на „ќе плови или ќе потоне” филозофијата за вештерки од 16-ти век. На времето знаеја да кажат, „ако има жени во просторијата, мажите не можат да се опуштат. Ако не можат да пцујат и да зборуваат за курови, нема да можат да бидат креативни и смешни.” Поновата верзија на ова е, „ако има жени, мажите стануваат хормонално пореметени и уморот од постојано контролирање на курот им пречи да бидат креативни и смешни.”

На ова, би рекла: Хмм, интересно. Можеби полот со толку нежна креативност е тој што не е паметно да се најмува.

Во меѓувреме, од жените се очекува да покажат и емпатија и поддршка, да прифаќаат и да не реагираат на бура од сексуални алузии, истовремено помагајќи да се конструира невидлива бариера која би им помогнала на кутрите дечки да оддолеат на сопствените импулси. И истовремено, да бидат креативни и смешни. Всушност, би река дека баш оваа ситуација им дава на жените комичарска предност затоа што нема подобар начин да почнеш да пишуваш шеги, од моментот кога стануваш свесна дека си заглавена во нечии неизбежни, невротични ограничувања.”

-Мерил Марко

3 јули 2018 - 13:26