
ТикТок може да биде фантастична средина за критички осврти кон општеството и трендовите, само ако си го наредите алгоритмот. Ние налетавме на видео-семинарска за трендот weird art school girl и е одлична тема за размислување.
Овој тренд не се однесува само на модата, туку и на образованието и интелектуалниот живот. Во последните четири децении, хуманистичките науки беа систематски потценувани, додека STEM-областите се поставуваа како единствена рационална инвестиција во иднината. Последиците денес се очигледни: технолошки напредок без доволно емпатија, критичко мислење и културна длабочина. Сè почесто се слуша аргументот дека ни се потребни мислители, луѓе што го предизвикуваат статус кво-то, идеи што не се производ на алгоритам или автоматско генерирање.
Новиот културен идеал отворено го отфрла „quiet luxury“ и естетиката на совршено курирана празнина. Наместо тоа, се афирмира ликот на мислителот, поетот, уметникот, љубовникот и сонувачот. Се бара враќање на салонските разговори за верувања, идеи, уметност и култура, наместо бескрајно анализирање на козметичките зафати на славните. Нередот - во облеката, косата, ноктите - станува знак за живот што се живее, а не за живот што се претставува.
Стилот, во овој контекст, не треба да биде совршен, туку раскажувачки. Комбинација од патувања, влијанија, години читање, гледање и учење.
Во срцето на оваа промена лежи отпорот кон целосната дигитализација на животот. Вештачката интелигенција може да репродуцира форми, стилови и структури, но не може автентично да ја замени човечката љубопитност, гладот за смисла и потребата за создавање. Стравот не е од технологијата сама по себе, туку од униформноста што таа може да ја произведе ако ѝ се препуштиме без отпор.
Многумина веруваат дека во следната деценија нè очекува длабока културна промена. По Втората светска војна, светот доживеа експлозија на нови идеи, филозофии и уметнички сензибилитети. Денешниот момент, иако различен, носи сличен потенцијал. Со малку свесен напор и подготовка, можно е повторно да се создаде простор за нешто навистина ново.
Наздравје за чудната девојка од уметничко - како симбол на отпор, креативност и човечност.
Нека владее долго.
@elysiaberman I don’t want this to be performative either!!!!!! Be the weird art school girl inside and out. #weirdartschoolgirl #artschoolgirl #fashiontrends #styletrends #antitrend #vintagefashion #stylingtips ♬ original sound - elysiaberman