Куќата им е на оглас, а преселени се во Котсволдс, рурална област во Велика Британија.
Деџенерис не е ни прва на список што си оди од оваа или слични причини. Неодамна, Ева Лонгорија (родена во Тексас), сподели дека ја напушта Калифорнија и сега ќе живее меѓу Шпанија и Мексико, затоа што „енергијата во Калифорнија е сменета од 2010 наваму.“ А, претседателските избори само ѝ потврдиле дека е во право:
„Јас сум привилегирана. Можам да избегам. Повеќето Американци немаат таква среќа. Ќе бидат заглавени во дистописка земја и анксиозноста и стравот ги чувствувам за нив.“
Напуштањето на САД им е новото напуштање на Твитер. Освен Деџенерис и Лонгорија, „потрага по подобар живот“ најави и Шерон Стоун, Мини Драјвер рече дека ѝ се враќа дома (Велика Британија), Вупи Голдберг „често размислува да си оди“, а се пријавија и Шер и Америка Ферера.
Разгледуваат во Италија, Канада и Велика Британија, а некои од нив бараат и да биде експат-френдли, како Панама или Тајланд.