Татко му бил чевлар и од него го учел занаетот. Првите чевли ги направил кога имал само 11, а во Лондон дошол да студира дизајн на обувки и да остане таму.
Кога завршил факултет, работел во две дизајнерски куќи, а потоа благодарение на една субвенција од т.н. Фонд на принцот, во 1986 успеал да ја отвори својата прва продавница во зградата на една стара болница.
Две години подоцна се појавува на модната недела во Лондон, после која добива дури 8 страници во Вог.
Го забележува и принцезата Дајана која посакала да го запознае и го викнала во палатата. Се смета дека нејзината реакција била пресудна за неговиот глобален успех и фактот што за една премиера на „Лебедово езеро“ во Ројал Алберт Хол носела негови светлосини, сатенски чевли, што Џими специјално ги изработил за неа.
Уделот во неговата компанија го продал во 2001 и оттогаш е фокусиран само на неговата couture линија. Чевлите што ги дизајнира сам се со потпис Jimmy Choo Couture и се изработуваат исклучиво по нарачка, рачно, во Лондон во мала продавница во Конот Стрит што Џими и денес ја води.
Брендот Џими Чу си работи и понатаму со дизајни што можат да се најдат и во самостојни и во мултибренд продавници ширум светот. Фонтот на логото е ист, само на вториве пишува Jimmy Choo London.
Самата модна куќа во 2017 ја презема Капри групата за 1,35 милијарди долари.
Деновиве почнуваат со одбележување на 30 години успех и по тој повод ја отворија архивата и одново претставија осум легендарни модели што Џими Чу ги дизајнираше од 1997 до 2001.
Инаку, Чу го ивкаат и Професорот - тоа му е и почесна академска титула што ја има добиено за придонес во модната индустрија и образованието од областа на дизајнот на обувки. Денес ја оправдува со тоа што обучува млади дизајнери, посебно во родната Малезија.