Холивудската Пандорина кутија извира ли извира од гадости – од една страна излегуваат на површина сите шупаци од луѓе што или се директно виновни, или прикривале сексуално малтретирање; а од друга се манифестира човечката тенденција на трчање со вили и бакљи по вештерки, без воопшто да се провери дали личноста е способна за вештичарење. Има и такви што решаваат да ја земат правдата во свои раце, па се расфрлаат со праведнички шамари, само кој да ги рашљака нив.
Во секој случај, крив или не, Џејмс Франко го направија манијак, а на неговиот адвокат единствено му преостанува да негира.
Франко има отворено школо за актерство во 2014-та (кое го затвори минатата година), и од тамошните студенти се јавува Сара Титер-Каплан со твитов:
Hey James Franco, nice #timesup pin at the #GoldenGlobes , remember a few weeks ago when you told me the full nudity you had me do in two of your movies for $100/day wasn't exploitative because I signed a contract to do it? Times up on that!
— Sarah Tither-Kaplan🌈 (@sarahtk) January 8, 2018
„А бе, Џејмс Франко, фин ова беџов со #timesup на Златни глобуси, ти текнува пред неколку недели кога ми кажа дека голата сцена што ме натера да ја снимам во твоите филмови за 100 долари на ден не е експлоатација затоа што сум потпишала договор за неа? И на тоа му истече времето!”
(Кликнете, прочитајте ја и дискусијата под твитот, не е за фрлање)
Додека снимале сцена со оргија, наводно Франко и ја отстранил пластиката што актерките ја користат при снимање на голи сцени додека симулирал орален секс. Адвокатот рече „не е точно.”
Кога ја прашале зошто толку фини работи зборувала за филмот пред твитот за Франко, актерката одговорила дека се радувала што запознава нови луѓе и го промовира филмот, иако забележала неколку предупредувачки знаци во однесувањето на Франко.
Уште две жени исто така студентки во некое друго школо каде што Франко предавал, за Тајмс изјавуваат дека Франко лут го напуштал снимањето кога тие и уште некои жени одбиле да ги соблечат маиците. „Секогаш сакаше луѓето да мислат дека може да добијат некоја улога ако се спремни на некои сексуални активности, или ако се соблечат,” изјави Кејти Рајан за весникот. Адвокатот на Франко вика „не е точно.”
Во еден малку неповрзан случај, уште една жена од необјасниви причини решава да разговара со Тајмс. Необјасниви, затоа што на следното му претстои информацијата дека – жената, Вајолет Пејли, била во романтична врска со Франко. И за весникот изјавува дека „ѝ вршел притисок за орален секс” додека биле во кола, а нејзе ѝ било незгодно, па се извадила од ситуацијата со тоа што му кажала дека има некој блиску до колата. И така, толку. И вие ли прво во новини кажувате дека бившиот ви бил сељак?
Адвокатот на Франко, се разбира и за ова рече „не е точно”.
Во The Late Show со Стивен Колберт, Франко одговара на обвинувањата со следното:
„Види, јас се гордеам што сум човек што презема одговорност. Морам да го правам тоа за да бидам нормален. Тоа што го имало на Твитер не е точно. Но сосема поддржувам што луѓето прозборуваат и може да им се чуе гласот затоа што толку долго претходно немале глас. И затоа нема да ги отфрлам. Ако сум згрешил нешто, ќе го поправам тоа – морам.”
Работи ли некој во тоа судовите амерички?