Terry Jones moves on to something completely different:

Достоен некролог за Тери Џонс

Тери Џонс почина на 77, што значи дека конечно ќе открие дали Месијата навистина е неваспитан.

Џонс, чија комедија некако успеа да комбинира голотија и глупи гласови со доза на збунетост карактеристична за луѓе од високото добро утро, успеа да го претвори врескањето „СПАМ!“ во глобална фраза и технички термин.

Покрај комедија, Џонс успеа да стане и документарист, писател за деца, историчар, поет, режисер и сценарист на филмови, театар и опера, и во еден момент беше одговорен за 75% од филмовите забранети во Ирска.

Сепак, неговите примарни придонеси кон националната свест беа облекување како средовечна жена и врткање меѓу колегите со ташна, обиди за проценка на тежина на одредени вештерки и пајки и експлодирање после претерување со јадење - а за сето време оставајќи впечаток дека е тотално несвесен колку е смешен. Секој што има аспирации да пишува комедија би било паметно да го гледа неговиот пореметен ентузијазам за напаѓање распеани глувци со токмак или неговото ококорено лудило при влетување низ врата како член на Шпанската инквизиција со летечки шлем.

Но, за Тери, како и неговиот најдобар лик во Монти Пајтон и Светиот грал, се спушти завесата. Се надеваме дека сега е некаде каде што може едноставно… да запее!

п.с. Во оригиналниот текст на newsthump.com, сметаат дека улогава од погоре му е најдобра во кариера. За нас нема подобра сцена од оваа:

24 јануари 2020 - 11:16