Природно е и убаво да се трудиш да бидеш фина личност. Во свет полн суровост и бесчувствителнсот, љубезните се посветени на дарежливост, емпатија и нежност. Никогаш не сакаат некој да се почувствува поразен или да не спие навечер. Ќе се трудат до максимум да ги поштедат другите од солзи. Звучи прекрасно.
Ама и невозможно - да се помине целиот живот како исклучиво љубезна личност.
Порано или подоцна, сите мораме да донесеме одлуки што, дури и покрај тоа што ги штитат работите што ни се важни, ќе разбуричкаат, ќе налутат некого или ќе предизвикаат (барем некое време) некој опасно да нѐ мрази.