Ќе има интервјуа со пријатели, роднини и соработници (Питер Џексон, Џон Ландис), а добиле пристап и до неговите дневници и 100 интервјуа од бибилиотеката на Британскиот филмски институт.
Ли се има појавено во над 250 филмови низ осум децении, меѓу кои и Хамер Хорор, Џејмс Бонд, Господар на прстените и Војна на ѕвездите. Но, во филмот има осврт и на неговата воена кариера за време на Втората светска војна кога помагал да се лоцираат воени злосторници.
„Затоа што можел течно да зборува многу различни јазици, бил вовлечен во тајната служба, на мисии за кои фактите никогаш не се познати до крај,“ објаснува продуцентот. „Роднина му бил Иан Флеминг и многумина мислат дека ликот на Џејмс Бонд е инспириран од него. А не се потруди да го одрекува тоа. Речиси да може два филма да се направат од сево ова, затоа е и насловот таков, затоа што животот му е една приказна, а кариерата друга.“
Видете го вие ова:
Инаку, знаевте ли дека Ли е роден во италијанско аристократско семејство?
Дека бил сведок на последното јавно погубување на гилотина?
Дека кога бил млад го запознале со убијците на Распутин?
Дека се мечувал во филм на Ерол Флин?
Дека е единствениот од екипата на „Господар на прстените“ што го запознал Толкин?
Дека е експерт во фрлање ножеви?
Дека е најстариот човек што го имал на Билборд топ листа за музика (со хеви-метал албум)?
Добар филм ќе биде.