Деми Мур фино нѐ прошета по ќерамиди

Откако го избезуми светот дека нема ич, ама ич осет што значи добра пластична операција, излегува дека лицето сепак ѝ се врати во нормала.

Како што Викенд (со помал успех) нѐ извозе пред некоја недела дека се унаказил, така Деми Мур отшета по писта на ревијата на Фенди и го потпукна интернетот. Се појави со поширока вилица, напумпани образи, променет нос и здебелени усни, изменета до непрепознатливост и единствено најавата на Инстаграм издаваше за кого се работи. На нејзината објава, а и секаде по социјални мрежи почнаа пискотници и коментари што главно се сведуваа на „Зарем е можно?’ Ретки беа луѓето што бизарниот изглед ги натера да речат „Мора да е ПР.“

Сега има нова фотографија, што самата по себе е доказ дека Мур не се пишманила па да објави нешто старо - со нејзе се Кристи Тарлингтон, Кејт Мос и уметничкиот директор на Фенди, Ким Џонс.

ПР - успешен.

Сега барем можеме да се фокусираме колку всушност беше добро облечена и колку добро се снаоѓа Фенди со Ким Џонс:

31 јануари 2021 - 20:06