Дали тивкиот луксуз ја одзема забавата од модата?

Трендот на „стари богаташи“ и „тивок луксуз“ има реперкусии.

Големото внимавање почна со Гвинет Палтроу. На судењето за комичната тужба за судир при скијање, се појавуваше во непогрешиво скапи комбинации - кашмир, волна, Прада, Селин, златен накит. Месец дена подоцна се појави Софија Ричи во Шанел без лого, а ит-девојките се шетаа по Коучела со маички што чинат повеќе од рата за кола. Во јули, Ариана Гранде се појави на Вимблдон со волнен џемпер и така се продолжи: сите сакаа да изгледаат како да се потајно богати, со пари од наследства и тивок луксуз.

Некои експерти сметаат дека тоа што тивкиот луксуз уште трае како тренд е знак за социоекономските времиња во кои живееме. Хаштагот вади милијарди резултати во време на зголемена инфлација и масовни отпуштања. Ова не само што ги ограничува буџетите за пазарење да се фокусираат само на квалитетни „вечни“ парчиња, туку ни ја зголемува и залуденоста по богатство и статус.

Тивкиот луксуз е всушност тема за основни парчиња што секоја жена треба да ги ротира, минималистичка и максималистичка мода што дава самодоверба и моќ. Ако им се пристапи како на промена од бучниот конзумеризам, тогаш може да биде и едно ослободување и начин да си дојдеш до основна гардероба.

Сепак, можно е да се ближиме до промена на енергијата - глобализацијата на модните трендови преку социјалните мрежи го жртвува личниот стил, па клатното може да се придвижи повторно кон модна разноликост. Тие што ценат минимализам ќе останат, но да не ги забораваме тие што само го пробале трендот - веќе им е надминат и ќе пробуваат други работи. Вреди да се потсетиме дека ниеден тренд не одговара за сите. Да, треба да се експериментира, но и да се отстрани притисокот да се бркаат последните стилови или ќе нè преплават.

И да не се заборави дека меѓу другото, модата треба и да те забавува. Тивкиот луксуз изгледа одлично, и ако следиш успешни фотографии, дури можеш и да прелажеш некого дека те бива да се облечеш. Максимализмот, или секое пречекорување на тивкиот луксуз отсекогаш било позабавно, ако ти е до тоа дојдено.

25 јануари 2024 - 11:14