Го видовте најбогаташкото судење на сите времиња?

Доктор во пензија тврди дека се судрил со Гвинет Палтроу на скијање и поради тоа „не можел да ужива во дегустација на вино“. Тужи, а интернетот ова го нарекува „најбелечкото судење во свет“.

Во случај да сте ги пропуштиле најновите вести од светот на ултра-богатите, Тери Сандерсон, 76-годишен пензиониран очен лекар наведува дека Палтроу се удрила во него додека скијала во ултра-ексклузивниот Дир Вали Резорт пред седум години. Судирот кулминирал со сериозни повреди, меѓу кои и повреди на мозок и скршени ребра кои оттогаш му го нарушиле квалитетот на животот. За жал, луѓето повеќе внимание обрнуваат на изјавите дека „веќе не е шармантен“ и не може да ужива во дегустација на вино.

Бараше 3,1 милиони долари, бидејќи демонстрирала „негрижа“ со тоа што го „удрила силно и го онесвестила“. После одлучува да ги смали очекувањата, па бара 300.000 долари. Месец после тужбата, Палтроу поднесува контра-тужба каде што бара симболичен 1 долар, тврдејќи дека тој се удрил во неа и ја експлоатира нејзината слава и статус за да извлече милиони.

Адвокатите викаат медицински експерти за да потврдат дека клиентот им страдал на многу начини - когнитивно, бихејвиорално и интерперсонално - од ударот наваму.

„Пред судирот, Тери беше шармантна, отворена и дружељубива личност. После ова, веќе не е шармантен.“

Минатата среда, радиолог сведочел дека Сандерсон ги покажува и типичните знаци на повреди на мозок, меѓу кои и „намалена способност да дегустира вино.“

„Беше високо-функционална, активна личност,“ сведочи радиологот. „Секој ден имал многу активности. Се среќавал со луѓе, дегустирал вино, скијал, волонтирал.

После несреќата, нагло му се влошило и престанал да ги прави активностите што ги сакал.“

Од поозбилните работи, се тврди дека имал и „абнормални наоди“ на рендгенот на гради и магнетната резонанца на мозок:

„Не било само благо удирање. Имало доволно сила да го онесвести, доволно да се скршат четири ребра од десната страна. Според ова, го удрила од лево и го присилила да падне на земја.“

Сепак, во вкрстеното испрашување, радиологот признава дека овие абнормалности можеле да настанат и пред судирот. Еден од адвокатите на Палтроу тврди дека Сандерсон имал и претходно невролошки проблеми и се опседнал со неговиот случај против Палтроу. После ударот, во некои мејлови што ги пишувал до ќерка му, се фалел дека е „славен“.

Во меѓувреме, Палтроу е исклучително незаинтересирана и воздивнува, пие зелени цедени сокови и пишува пораки на суд. Адвокатите се жалат дека нонстоп неа ја снимаат камери, што е и очекувано кога во судницата има само една славна личност.

Сепак, публиката многу се забавува на нејзина сметка - ја споредуваат облеката со како биле облечени сериски убијци, или жена што најмила платен убиец да го реши сопругот. А може ли да се очекува нешто друго од ролки и златен накит од жена обвинета за негрижа во скап резорт во Јута, реално?

Патем ова со симболичниот долар е финта на Тејлор Свифт. Симболичен долар значи дека не се очекува баш да ѝ легне на сметка.

Гвинет Палтроу без разлика што го искористи зборот „симболичен“, сепак - го чека доларот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)

29 март 2023 - 11:24