Дали си амбиверт?

Кои се знаците дека сте на средината на спектарот, меѓу другарот што не сака да мрдне од дома и другарката што не е прибрана?

Амбиверти се луѓе што не се ни на едната, ни на другата страна сосема, туку се комбинација од двете. Ако екстровертите влечат енергија од дружење со луѓе, а интровертите од осамување, амбивертите се некаде во средина - и веројатно се почеста појава отколку што ни се чини.

Ако ви е лесно да се адаптирате на ситуацијата во која се наоѓате во секое време, тогаш може да влегувате во оваа категорија. Екстровертите се дружељубиви, интровертите уживаат сами, ама амбивертите се камелеони. Знаат да си најдат удобно во секоја ситуација.

Понатаму, едни ве опишуваат како дружељубиви, а други како тивки? Амбивертите се тешки за категоризирање. Некои ве знаат од попладневен час по јога, па според однесувањето ќе заклучат дека сте интровертни. Други ве знаат од афтерворк, каде што се опуштате, па ќе кажат дека сте екстровертни.

Амбиверт си и ако можеш лесно да работиш и сам и во екипа. Исто и ако обично си задоволен од викенд-плановите. Амбивертите се често многу свесни за себе, што значи знаат колку дружење можат да издржат. Постојат и моменти кога се престимулирани или недоволно стимулирани, но полесно им е да го најдат балансот меѓу „многу ми е“ и „малку ми е“.

Сепак, амбивертите си штетат со неодлучност и самокритичност. Екстровертот знае што ќе ти одговори кога ќе го прашаш дали му се излегува во петок, интровертот исто. Амбивертот не е баш сигурен што ќе му одговара повеќе.

Од друга страна пак, амбивертот може да биде мост во друштвото, или семејството, меѓу екстровертните и интроверните типови. Јаките страни му се флексибилност и адаптибилност и тоа му е предност кога се работи за „читање“ на ситуацијата.

Експертите сметаат дека амбивертите се најмалку половина од популацијата, што значи дека се многу почест тип на личност отколку што мислиме.

14 февруари 2024 - 11:42