Дали би се шетале со ваква ташна?

„Е, да бе, да ме напаѓаат гулаби.“

Можеби сте помислиле во некој момент дека модата не може да стане побизарна од тоа што сме го имале до вчера, ама се разбира дека додека постои Москино, светот ќе продолжи да се фаќа за глава.

Најновото им е „плико“ (па сега, тоа е категоријата…) ташна во вид на багет со цена од 830 евра. На социјални мрежи ги шинаа.

Кожна е, дизјанот е тридимензионален и има позлатено Москино лого, кафена внатрешност и магнетско затворање.

Описот на Фарфеч е следниот:

„Прошетајте се по брегот на Сена (или до супермаркет) со оваа багет-ташна, додека го бирате најдоброто вино за вечера. И можеби и еден вистински леб.“

Демек, со бизарност од ташна што чини 830 евра баш во супермаркет ќе бираш вино.

Не им е ни прв пат ова. Продаваат ташни во форма на кроасани, запалки, парчиња торта и кутија за пица. Има еден пркос во тоа, едно мешање со поп-културата и отсекогаш Москино брилјирале во однос на дизајн, ама ова им е, па… грдо, во недостаток на подобар израз.

Или, како што ќе рече еден револтиран коментар,

„Е, да бе, да ме напаѓаат гулаби.“

7 декември 2020 - 14:25