„...Патување што те менува како личност... И ти носи барем 6000 нови следачи.”
Сте пробале ли барем еден ден од одмор да спремите содржини како травел инфлуенсер? Знаете ли колку е тоа тешко? И ова не од аспект „ние сме од страната на инфлуенсерите”, туку реално - треба на чекање да го оставиш буквално одморот и да се посветиш на креирање совршени фотографии и видеа, што после ќе ги решаваш со филтри и ќе ги спремаш и додека да се свестиш - отишол денот.
Една новинарка од Космополитен еднаш и го истражуваше ова, а заклучокот беше - „Тешко е да се патува како инфлуенсер”.
Сепак, некои едноставно решаваат дека подраго им е да се мачат со бирање фотографии отколку сметководство, па од таму и ги имаме ваквите случаи, на пример.
И главно се преплавени со совети за зен, добробит, свесност, уживање, прифаќање, благодарност, благословеност...
А всушност, еве како би изгледало тоа, ако се искрени: