Маргарет Мид вели дека првиот знак на цивилизација во една древна култура е доказ на човек со скршена и заздравена бутна коска.
Објаснува дека во остатокот од животинското царство, ако ја скршиш ногата - умираш. Не можеш да бегаш од опасност, не можеш да одиш до реката да пиеш вода, или да ловиш за да се прехраниш. Стануваш свежо месо за предатори.
Ниедно животно не може да преживее со скршена нога доволно долго за да заздрави коската. Скршена бутна коска што заздравела е доказ дека некој одвоил време да остане со тој што паднал, ја залечил повредата, го одвел тој човек на безбедно место и се грижел за него додека не се опорави.
„Да помогнеш некому во тешки времиња е почетната точка на цивилизацијата,“ вели Мид.