Во обид да се биде „еџи“, сега ни е поклонет феноменот на моронски чизми кои се изработени да глумат нога во чорапа и штикла. Луи Витон неодамна ги извадија овие чизми на пазарот, цената им е 2500 долари, високи се до колена и можете да си ги набавите во две бои на кожа.
На сајтот велат дека се „внимателно изработени“, со техника на рачно цртање за да се создаде илузијата на ребрест чорап во црна штикла.
Ова е и не е така страшно (е, ама ќе го издржиме). Страшното е што ако Луи Витон прави вакви ѓаволски работи, на Димна од Баленсијага му останува само да ги надмине.
Тек тогаш ќе биде страшното.