Биркин, Виркин и мемефикацијата на класното воено оружје

Во претходните ери на интернет-културата, исмевањето на богатите и славните обично се поврзуваше со екстремно-левите форуми. Но, како што почнува 2025, исмевањето на богатите излезе мејнстрим.

Zoshua Colah, Unsplash

Еве, на пример - ташната на Волмарт што ја имитира Биркин на Ермес, ужасно ексклузивна и убер-скапа.

Цената на вистинска Биркин ташна стига и до шест цифри, ама ова е само дел од привлечноста. Прво, од купувачите се очекува да имаат потрошено илјадници долари на други Ермес производи во текот на еден долг период пред воопшто да им се понуди шанса да купат Биркин.

А, сепак, еден краток период, секој можеше да ја има истата ташна за 78 долари. Затоа што Волмарт продаваше нешто што (барем од малку подалеку гледано) воопшто не се разликуваше од Биркин.

Стана вирална, ја нарекоа Виркин (ем Walmart+Birkin, ем игра на спелување од Workin', како работничка класа) и се распродаде во декември.

На ТикТок дискутираат дека се работи за начин да се разводни вредноста на луксузната стока и да ја направат култната ташна достапна за обичен свет.

Социолозите го користат концептот на „симболичен интеракционизам“ за да опишат како луѓето „ослободуваат“ симболи за да разберат и да комуницираат социјални реалности.

Меме-културата е полна со примери за тоа како симболиката се додава на нови нешта преку социјални „договарања“ - на пример, череп-емоџито за многумина значи смрт и пропаст, но Генерацијата З му даде друг ангажман - симбол на хистерично смеење. Мајка историски значи родителска фигура, но по ново, со зборот се опишуваат и феминистички икони.

И сега, пред Виркин да стане вирална, Биркин за многумина беше симбол на богатство. Сега значењето е поделено на две: Тие од кај Биркин уверуваат дека вистинските сопственици знаат да направат разлика. Но, сите останати на Волмарт дизајнот гледаат како исмевање на елитизмот.

Тоа што една ташна станува симбол на класно воено оружје совршено го дефинира расположението на онлајн цајтгајст-от. Како и фановите на Луиџи Манџионе, фановите на Виркин имаат нешто заедничко: Антипатија кон владејачката класа.

Со оглед на недостатокот на идеолошко јадро, секој тренд веројатно доаѓа од секојдневни искуства - поточно од свет во кој и здравството може да изгледа како луксуз, додека само избрани можат да потрошат мало богатство на ташна.

16 јануари 2025 - 13:29