Биди љубезен кога патуваш

Често се пишува за хакови на тема како да бидеш подобар при патувања - како да ги најдеш најдобрите зделки, како ефикасно да се движиш низ аеродроми и други трикчиња е секако фино да се знаат, но постои и еден дел од филозофијата на патување што е еднакво важен: како да бидеш љубезен. И тоа е своевиден хак.

Не е само до трпението и манирите. Љубезниот патувач е повнимателен, покажува искрен интерес за луѓето со кои комуницира и ги почитува местата низ кои поминува. Постојат повеќе начини да оставите пофин впечаток додека патувате.

На вработените обраќајте им се по име.

„Нека ви текне дека љубезноста вас како патувач не ве чини ништо, но придобивките се навистина големи,“ вели Десерен Милер, 31-годишна таксистка. „Нема ништо попријатно од тоа да влезе патник и да рече ‘Добро утро, г-ѓо Д, како е?’“

Фриц Франциос, вработен во Д Бетси, хотел во Мајами вели,

„Секогаш се претставувам кога им помагам на гостите да дојдат до соба. Кога ќе ги видам низ хотелот подоцна, ми значи кога ќе видам дека ме запаметиле.“

Понудете комплименти, вербално или на друг начин.

Мајкела Октав, батлер во ресорт во Шугар Бич вели дека ја мотивираат комплименти од типот „Најдобра си“ или „Закон си“, или кога ќе прашаат „Ако да пишеме нешто за тебе на Трипадвајзор?“ И ако заборавите да напишете пофалба додека сте таму, и мејл и писмо ќе заврши работа, поточно, не само што ќе заврши работа, туку вработените неизмерно ќе го ценат времето што сте го одвоиле да напишете порака за благодарност.

Бидете љубопитни за културата.

Исто важи и за учење на локалниот јазик. Може не мора да го предавате, ама на вработените ќе им биде пријатно што некој се потрудил да им го зборува јазикот, ќе ве запаметат и можеби и ќе им го разубавите денот.

Трудете се да внимавате на околината.

На пример, на Хаваи ги учат дека водата доаѓа од рајот. Доволно ќе биде да не оставате чешма да тече непотребно, да не фрлате ѓубре во вода, или ако видите ѓубре, да го соберете.

Уметност на обични разговори

„Секогаш ми е пријатно кога гостите ќе ме поканат да им се придружам на чаша вино,“ вели Мими Вандајк, вработена во Харвест Ин, во Калифорнија. „Покажува дека навистина ја ценат нашата услуга и сакаат да изградат фин однос.“

Главно, препораката е да се однесувате со почит, како на соседната маса да е некој професор од факултет, или вашата баба, или некој што треба да го импресионирате.

Луѓето треба да бидат пристојни на пат, исто како дома.

27 јануари 2020 - 13:14