Порано, луѓето знаеле сомнителните да ги врзат за дрва. За околу три дена, болеста драстично ги менувала - станувале екстремно чувствителни на светлина, пребледувале, станувале агресивни и почнувале да се лигават. Пробувале и да нападнат и се случувало да се онесвестат од умор или да збеснат од адреналин.
Вампирот на Брам Стокер најверојатно се темели само на крвожедниот и насилен гроф Дракула од 15 век, но приказните што датираат долго пред романот од 1897 најдобро ги објаснуваат несреќни случаи на луѓе заразени со беснило. Токму во 1700-те, сè пораширените легенди се поклопиле и со епидемија на беснило во Унгарија и според Medical News Today, се совпаѓаат многу од карактеристиките на болеста со особините на „суштеството“. Вампирите се главно машки (многу повеќе мажи страдале од беснило), болеста предизвикува хиперсексуалност и изразена одбивност кон силни мириси, огледала и светлина. Ако споредиме со вампирите во поп-културата и бегањето од лук, бирањето да шетаат ноќе и избегнувањето огледала, одма е појасно, нели?
Како да не е сето ова доста - беснило може да предизвика несоница и да ги принуди пациентите да шетаат ноќно време додека другите спијат.
Бонус разбивање мит: Приказните за киклопи најверојатно се должат на пронајдени черепи од слонови: